Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Со победа против Нексе, Вардар поставува нов рекорд во СЕХА-лигата
Со победа против Нексе, Вардар поставува нов рекорд во СЕХА-лигата

Со победа против Нексе, Вардар поставува нов рекорд во СЕХА-лигата

Со денешниот натпревар против Нексе, Вардар го затвора регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата. Мечот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:45 часот.

Вардар има голема шанса без пораз да го заврши регуларниот дел во ова натпреварување и само еден нерешен резултат. Избраниците на Раул Гонзалез ќе се обидат да постават рекорд и да стигнат до 17 победа во СЕХА-лигата, а единствено кој успеа да ни одземе бодови беше екипата на Брест Мешков, против која на гостински терен одигравме со нерешен резултат. Црвено-црните се големи фаворити против Некдсе и се освен убедлив триумф ќе претстгавува изненадување на овој дуел. Денешниот противник има само една победа, но и најмногу нерешени резултати од сите екипи во СЕХА-лигата, вкупно шест, како и девет порази. На две кола пред крајот, Нексе ќе се обиде да го избегне последното место, а под нив се само екипите на Динамо Панчево и Војводина. Најдобри стрелци во тимот се и највозраснте играчи, се работи за Марко Бувиниќ и Ведран Зрниќ, кои високо котираат на листата на најдобри стрелци во лигата. Во Вардар тоа е руското крило, Тимур Дибиров. Првиот дуел одигран во Хрватска, го доби нашиот шампион убедливо со резултат од 21:30. На вечерашниот натпревар се очекува поголема шанса да добијат играчите кои имаа помала минутажа во изминатиот дел од сезоната. Со триумф против Нексе, Вардар ќе го сруши рекордот според бројот на освоени бодови кој го држеше екипаа на Веспреп, од 50 освоени бодови во една сезона, или 16 победи и 2 нерешени резултати.

Вардар се уште го чека противникот во полуфиналето на завршниот турнир, кој во периодот од 13-15-ти април ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Тоа ќе биде четвртопласираниот тим, а моментално на таа позиција е екипата на Брест Мешков. Второто место е за ППД Загреб, додека на третата позиција се наоѓа Целје. Сепак многу е мала бодовната разлика помеѓу овие екипи, па ќе сочекаме да се одиграат и последните две кола, по што ќе биде познат конечниот редослед на табелата, како и полуфиналните двојки на Ф4 турнирот во Скопје. И според квалитетот и како домаќин, црвено-црните ќе имаат голема можност да го одбранат трофејот во СЕХА-лигата, освоен од минатата сезона во Брест, кога во финалето го победивме Веспрем.

Дојдете вечерва во С.Ц. Јане Сандански да го поздравиме шампионот, пред главните предизвици и борбата за трофеите. Цената на билетите за дуелот со Нексе изнесува само 50 денари.