Очигледно она што ви го највивме пред некој ден се е поизвесно дека ќе се случи. Последен меч на Сергеј Андреев како кормилар на клупата на црвено-црните ќе биде мечот во Кратово каде пред почетокот ќе се додели титулата Шампион на Македонија на ФК Вардар. Раководството на нашиот фудбалски колектив очигледно не е задоволно од игрите на тимот полн со квалитетни имиња кој рускиот стратег го водеше. Но најверојатно и она што го навестивме Андреев нема да замине од Вардар во целост туку ќе добие “прекоманда“ на некоја нова фунција во младинските категории .
И ако се лецитираше со звучни имиња за заменик на жешката клупа на црвено-црните се спомнуваа познати странски имиња нема да се оствари . Гоце Седловски најверојатно ќе седна на “шефовската столица“ како што донесува ццс.
Седловски и сега има фунција директорска во ФК Вардар зад себе има огромно фудбалско искуство како клубско така и репрезентативно , но и скромно искуство во тренерскиот занает во еден наш прволигаш. Исто така Гоце никогаш нема настапувано како фудбалер за црвено-црните . Ќе почекаме да видиме дали ќе се обвистини овој дел од приказната.