Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ФОТОГАЛЕРИЈА)Пионерите со реми го завршија турнирот во БиХ

(ФОТОГАЛЕРИЈА)Пионерите со реми го завршија турнирот во БиХ

Пионерите на Фк Вардар со само еден освоен бод го завршија учеството на “турнирот на “пријателство“ кој се игра во Бијелина. Во последното 3-то коло од групната фаза, црвено-црните ремизираа 1:1 со своите врсници од Железничар(БиХ). Домашната екипа поведе уште на стартот на натпреварот, што беше и резултат по полувремето.

Во вториот дел следевме израмнета игра на двете страни со неколку шанси. Вардар ја искористи својата, израмнувајќи на неколку минути пред крајот на дуелот. Единствениот погодок за нашиот тим го постигна Китановски. На крајот, Вардарци го освоија последното место во групата. Првото место им припадна на Белградски Партизан, втори се екипата на Загреб. Вардаровата експедиција се враќа дома, каде ќе продолжи со настапи во домашното првенство.

Следи фотогалерија од мечот со врсниците од Сараевскиот тим Фк Железничар :