Во наредниов текст ве запознаваме со Андреј Данчевски Данстак кој го брани голот на Фк Вардар генерација “2006“. Андреј е роден на 18.02.2016. Своите први почетоци во фудбалот ги има во септември 2012 година во фудбалскиот клуб Форца, под водство на тренерот Јовче Џипунов. Во месец март изминатава година доаѓа во најдобриот клуб во Македонија, под водство на тренерите Игор Кралевски, Зоран Петковски и најдобриот Слободан Мутибариќ. За само девет месеци успеаа со својата генерација “2006“ да освои дури четири први места од младинските фудбалски турнири и едно второто. Во детската лига со својата екипа го освои првото место, по завршување на есенскиот дел од сезоната. Има учествувано на 10 меѓународни и домашни турнири во 2015 година на кои има освоено многу пехари, медали, дипломи, признаници.
ОСВОЕНИ НАГРАДИ:
Поединечни награди за најдобар голман на турнир:
– ФФМ детска лига 2014-2015год. – Скопје
– TOP TIM – Охрид
– LG CUP – Битола
– FER PLAY – Охрид
– СТАЈКОВЦИ – Скопје (по повод 13 ноември).
Од 10 турнири на кои има учествувано во 2015 година, на 8 турнири има примено најмалку голови во својата генерација 2006.
ТИМСКИ НАГРАДИ:
- (1 место) Меѓународен турнир “TOP TIM“ – Охрид – ГФК Неготино
- (1 место) “COOL CUP“-Скопје – ФК Вардар
- (1 место) Свети Климент Охридски – Охрид – ФК Вардар
- (1 место) Стајковци-13 ноември – Скопје – ФК Вардар
- (1 место) Спортското радио 90.3 – ФК Вардар
- (2 место) Меѓународен турнир Златибор – ГФК Неготино
- (2 место) Маџари – ФК Вардар
- (3 место) Меѓународен турнир “ FER PLAY“ – Охрид – ФК Форца
- (3 место) Меѓународен турнир LG CUP – Битола - ФК Вардар
- (Без пласман) Меѓународен турнир во Бјелина – ФК Вардар
-Љубовта кон фудбалот ја добив од мојот другар Тео Сандев кој тренира во ФК Славија од Прага, а желбата да бидам голман се роди малку подоцна кога тренирав во ФК Форца. Тренерот не ротираше на сите позиции, но најмногу пофалби и од родителите и од тренерите добивав токму тогаш кога играв на позиција голман, а и најмногу ми се допадна да ја имам одбраната под свое. Од тогаш решив дека сакам да бидам голман и тоа одличен, затоа преминав во ФК Вардар, каде можев да имам голмански тренинзи и да учам од најдобриот тренер за голмани Слободан Мутибариќ.
Андреј е еден од најзаслужните за добрите резултати на црвено-црните, кои ја одбележаа 2015 година со своите настапи.
-Покрај голмански тренинзи во ФК Вардар имам и фудбалски тренинзи со тренерот Игор Кралевски, кој е тренер на мојата генерација 2006. Фудбалот е тимска игра, во која секој играч има своја улога, мислам дека сме одличен тим и моите успеси се поддржани и од одличната одбрана и од ефективниот напад. Со тимот се дружиме на теренот, но и надвор од него, а со тренерот Кралевски многу често одиме и на заеднички прошетки на Водно. Среќен сум што тренирам и играм за најдобриот клуб од Македонија, ФК ВАРДАР, црвено црната боја ја носам во срцето и секогаш на терен играм со сето мое срце а во пролетниот дел од лигата се надевам на уште подобри резултати поединечно и тимски, изјави Андреј Данчевски Данстак за нашиот сајт.
Неговиот тренер Игор Кралевски има само пофални зборови за младиот и надежен голман на фудбалскиот клуб Вардар.
-Презадоволен сум од неговиот професионален пристап кон секој нареден тренинг. На настапите во детската лига и “Јуниор лигата“ , така и на турнирите неговата позиција е на највисоко ниво. Јас лично иако не сум компентентен да кажувам за голманите, мора да напоменам дека од тоа што го гледам на натпреварите, пред него претстои една блескава иднина. Смиреноста во играта и добрата соработка со неговите соиграчи се неговите главни одлики. Драстично бевме ослабени на последниот турнир во Маџари, поради неговото заминување за Австралија, но сепак го очекуваме да ни се придржи на тренинзите кои започнуваат на 20-ти јануари, кратко ни изјави Игор Кралевски.
Звонко Ивановски