Денес во спортскиот центар Јане Сандански, екипата на Рк Вардар го одржа својот прв собир во новата година. Иако најголем дел од играчите се на подготовки со своите репрезентации пред стартот на европското првенство, сепак Гонзалес на првиот тренинг сметаше на услугите на неколку ракометари. Тоскиќ, Брумен, Ангелов, Милиќ, како и Лацковиќ кој треба да пристигне во текот на утрешниот ден ќе се стават на располагање на тренерот Гонзалес во наредниов период.
Фото: Рк Вардар.мк