Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Асани за Вардар фанс: Мечот со Шкупи е дерби и истиот треба да го добиеме
Асани за Вардар фанс: Мечот со Шкупи е дерби и истиот треба да го добиеме

Асани за Вардар фанс: Мечот со Шкупи е дерби и истиот треба да го добиеме

Утре на стадионот во скопски Чаир нашиот црвено-црн фудбалски колектив гостува кај екипата на чаирска Слога во меч од 24-то коло во првата македонска фудбалска лига. Вардар гостува вторпат сезонава во Чаир на првиот меч однесовме победа со 0-3. Мечот е закажан со почеток во 16-00 часот и од истиот ќе може да следиме директен пренос преку видео стрим. Вардар влегува како фаворит наовој дуел, ние сме лидери на табелата со 58 бода, односно 24 бода повеќе од домаќинот на овој дуел. Младиот напаѓач на црвено црните Јасир Асани кој се врати во одличен погодок на мечот во Бугарија кај ОФК Пирин во изјава за нашиот сајт за овој меч кратко потенцира дека треба да се игра тимски и дека е потребна победа, тој во својата изјава за Вардар фанс вели :

Ние сме Вардар одиме на победа на секој дуел. Мечот со Шкупи е скопско дерби и истиот треба да го добиеме, а по оваа победа која ја очекувам ќе размислуваме за следните наши противници во првата македонска лига. Сите играчи во нашиот тим мора да дадеме свој максимум на овој дуел во Чаир за да дојдеме до посакуваната победа, истата може да се оствари само и само со добра, а пред се тимска игра на сите нас.-изјави Асани.