Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија својот меч од детската лига го одигра екипата на ФК Вардар генер. “2003“ . Тие за противник ја имаа екипата на ФК Еуроспорт од Куманово, нашите млади црвено-црни надежи беа подобар противник и остварија победа на овој дуел со 6-0.
Првиот дел го почнавме со целосна офанзива напаѓајќи со сите сили кон голот на Еуроспорт чии играчи беа определени да се бранат на овој дуел. Во првите минути од првиот дел кој за оваа генерација е во времетраење од 25 минути не успевавме да го скршиме отпорот на кумановци. Прв кој ја начна нивната мрежа беше Александро Прелоговски кој одзема топка и умешно сам во контра-напад го постигна првиот гол на мечот за водство од 1-0 на црвено црните. Голема шанса пропуштивме од пенал кој беше досуден по три корни преку Јовановски Дарио кој шутна силно по земја но одличниот голман на Еуроспорт фантастично одбрани. Ние постојано напаѓавме барајќи го вториот погодок за нас, Дамјан Ќосевски поведе една топка од средината на тернот ја носеше десетина метри сам и се одлучи за удар од над дваесетина метра , тој упати одличен силен удар по земја тоа беше убав гол за 2-0. Веќе во следната наша акција по одличен центаршут од десната страна погоди со одличен скок и удар со глава Александро Преловски за водство од 3-0. Докрајот на првите 25 минути имавме уште шанси за зголемување на водството првин Андреј Стојчевски не успеа, а веќе во следната акција двапати погодивме директ еднаш преку Дарио Јовановски и преку Иван Пашариковски.
Вториот дел избраниците на Ане Андоновски го започнаа како и првите 25 минути тие тргнаа по уште погодоци, а нашиот противник беше целосно дефанзивно ориентиран на овој дуел. Се играше 2 минута по одличен прием на топката со рутиниран удар по земја погоди Благоја Јаневски, тоа беше гол за 4-0. По две минути игра односно во 4 минута од вториот период одлична шанса имаше Петре Тасевски, но неговиот удар мина 3-4 см крај левиот директ од противничкиот гол. Шансите пред голот на Еуроспорт беа постојани уште една одлична имаше Дамјан Марковски од слободен удар оддесно топката заврши малку над гредата, во 35 минута од овој дуел во детската лига. Следна шанса веќе втора нереализирана за него имаше Петре Тасевски кој излезе сам со голманот, но кумановскиот голман со одличен пад во нозе ја спаи екипата од нов петти погодок. Бидејќи сме во постојан атак нашите противници исфрлаат во трета корна по која е досуден казнет удар кој умешно го реализира Филип Ѓоргиевски за 5-0 во 42 минута од дуелот. Среќата ги прати храбрите по една одбиена топка од голманот храбро влезе помеѓу неколку играчи и конечно во неговиот трет обид денес доста активниот Петре Тасевски погоди за 6-0 во 45 минута од мечот. Во последните 5 минути само рутинирано одигравме со кратки додавања, ја поседувавме топката долго исчекувајќи го крајот од мечот.