Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нов ракометен спектакл во Јане Сандански, Вардар преку Ларвик до ново учество на завршниот турнир
Нов ракометен спектакл во Јане Сандански, Вардар преку Ларвик до ново учество на завршниот турнир

Нов ракометен спектакл во Јане Сандански, Вардар преку Ларвик до ново учество на завршниот турнир

Денес со почеток од 17:30 чсаот во спортскиот центар Јане Сандански не очекува нов ракометен спектакл. Љубителите на овој спорт ќе имаат можност да уживаат во еден врвен ракомет и натпревар помеѓу екипите на Вардар и Ларвик. Норвешкиот шампион е последната пречка за Вардарки кон завршниот турнир во Будимпешта, што ќе биде третто последователно учество на Ф4. За оваа цел да биде остварена ќе мора да се излезе како конечен победник во двомечот со Ларвик.

Противникот е типична скандинавска школа која негува брз ракомет без многу додавања во играта и со брза реализација на нападите. Во главната групна фаза го освоија второто место, пред екипата на Ростов Дон од Русија. Забележаа шест победи и четири порази, од кои на два пати од Ростов Дон, еднаш беа изненадени на домашен терен од екипата на Флери од Франција и на гостувањето во Романија од екипата на Баја Маре. Екипата ја сочинуваат претежно домашни ракометарки, со исклучок на Алма Хасаниќ (Црна Гора), Сандра Тофт( Данска) и Алина Војтас ( Полска). Убедливо најефикасен играч е Нора Мерк со вкупно 83 постигнати голови со кои се наоѓа на треттото место на листата на најдобри стрелци. Со Ларвик имавме можност да играме заедно во групната фаза во сезоната 2013/2014. Тогаш успеавме да направиме голем подвиг на гостувањето и да забележиме победа (29:31). На натпреварот одигран во С.Ц. Борис Трајковски одигравме со нерешен резултат 27:27.

Вардарки се свесни за предизвикот кој стои пред нив и за важноста на овој двомеч  во лигата на шампиони. Се надеваме дека недостатокот на квалитетни домашни мечеви нема да се одрази врз играта на црвено-црните, кои од клупата се предводени од Давид Дејвис и Индира Кастратовиќ. Шпанскиот стручњак успеа да донесе посебен “шмек“ во играта на женскиот состав со кој забележа четири последователни победи во најголемото натпреварување. Стручниот штаб има можност да смета на сите ракометарки, кои сигурно ќе дадат максиум од себе да извлечат добар резултат на овој прв дуел во Скопје. Од клубот повикуваат на голема поддршка од публиката, која како што напомена Кастратовиќ на прес-конференцијата би требало да биде “клучот“ на победата во Јане Сандански. Ова е последен дуел пред своите навивачи за оваа сезона, па се надеваме дека ќе видиме полна сала што би претставувало дополнителен мотив и поттик за нашите девојки. Дојдете денес во нашата арена да ги бодриме девојките и да им го отвориме патот кон завршниот турнир во Будимпешта.