Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Жрк Вардар ги “фрлија на колена“ младинките на Металург
Младинките на Жрк Вардар ги “фрлија на колена“ младинките на Металург

Младинките на Жрк Вардар ги “фрлија на колена“ младинките на Металург

Денес во 12-00 часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански  се одигра дерби натпреварот во младинска женска конкуренција помеѓу екипите на Вардар и Металург. Младите вардарки однесоа победа на истиот 20-16 и имаат подобар скор во меѓусебниот дуел со “сино-белите “ девојки од како во првиот натпревар во есенскиот дел меѓусебниот дуел заврши со триумф на екипата на Металург 23-20. Тој меч се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда.

Први мечот со два погодока го отвориа избраничките на Пецевска Билјана. Девојките од Автокоманда намалиа на 2-1 по што повторно погодивме двапати по ред за првапт на мечот да се одлепиме на три плус. Се играше во продолжението игра гол за гол на двете страни на половината од првиот период резулатот беше на семафорот во малата сала 6-4 за црвено-црните девојки. Заигравме поангажирано во одбараната во продолжение на голот ја имавме расположената Мицевска Јована, а во нападот реализиравме со долги и сигурни акции. Тоа допринесе да направиме одлична серија 4-0 и да го зголемиме водставото на шест позитива , односно 10-4. Девојките од Металург по оваа најголема негатива погодиа двапати по ред за 10-6, но ние недозволивме да ни ја намалат разликата пред одморот и со гол за 11-6 во последиот напад наш од првиот дел заминавме на пауза.

Гостинките предводени од клупата од Јулијана Дамчевска први во вториот период  погодиа. Во следните десетина минути на двете страни се играше игра гол за гол во меч со многу борба. со жар на теренот, по десетеина минути во вториот период резултатот беше 14-10. Следи криза во нашата игра во нападот не погодуваме неколку напада по ред, а гостинките тоа го казниа со серија 0-3 и успеваат да дојдат до минимални 14-13 на средината од вториот дел. Вардар на голот ја има една од најтеленираните млади голманки во земјава Мицевска таа почна да реди интервенции во продолжението и беше нерешлива енигма за нашите противнички, а сето ова донесе шанса да повторно го зголемивме нашето водство. Вардарки прават серија 5-1 и на само неколку минути од крајот поведуваат со 19-14, со што ја осигуруваат победата. До крајот се беше само рутина нашите девојки одиграа умешно со долги напади во последните пет минути од дуелот, мечот заврши 20-16 за црвено-црните. Овој дуел е само увертира за Ф-4 каде со овој противник сме главни конкуренти за титулата.

Најдобри стрелци кај нас на овој дуел беа : Иванова со 5 гола, Николовска и Божиновска погодиа по 4 пати, а три пати стрелаше Станиќиевска.