Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2006 година продолжуваат со добри игри во детската лига. Избраниците на Игор Кралевски во денешното коло настапија со двете свои екипи и забележаа една победа и нерешен резултат.
Вардар (1) одигра нерешено во дуелот со Скупи. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:1. Вардарци започнаа во постава Андреј Данстак, Дамјан Крстевски, Марко Николовски, Давид Голубов и Драган Јанкоски. Црвено-црните одиграа одлично на овој меч, пред себе имаа екипа во која играа повозрасни момчиња. Првиот удар кон голот на противникот го имаше Дамјан Крстевски. Голманот на Скупи е најзаслужен за овој нерешен резултат на својот тим, кој одбрани неколку добри топки. Двете екипи наметнаа силно темпо на игра. Следните две шанси им припаднаа на Скупи, но и ние го имавме одличниот чувар на мрежата Андреј Данстак. Првото полувреме заврши со оној почетниот резултат од 0:0.
Во вториот дел по еден гол на двете страни за на крај да има поделба на бодовите. Најдобриот стрелец за Вардар (1) Давид Голубов ги покажа своите голгетерски способности и на овој меч. Вардаровиот “бисер“ го отвори резултатот на овој дуел за предност на Вардар од 1:0. Сепак до крајот противникот успева да го израмни резултатот по едно невнимание на нашата одбрана. Данстак беше совладан за израмнување на 1:1, по што беше и конечен на овој интересен натпревар. Мора уште еднаш да се потенцира дека Вардар одлично се држеше дури и беше подобра екипа на теренот од Скупи, во кој имаше 2-3 повозрасни играчи.
Веднаш по нив на теренот излегоа Вардар (2) и екипата на Албион. Црвено-црните забележаа победа на овој меч со резултат 2:1. Одлично започна овој меч за младите Вардарци кои преку Милош Спасовски и Михаил Николов и имаа првите прилики за отварање на резултатот., но сепак противничкиот голман беше поуспешен. Шансите пред голот на Албион се редеа како на “филмска“ лента. Никита Патаровски беше следниот кој се закани кон голот на Албион. До крајот на првиот дел зз одбележување е ударот во пречката од нашиот гол. По првиот дел резултатот остана непроменет 0:0.
Веќе во вториот дел додје до израз квалитетот на нашите млади надежи, кои погодуваат брзо во овој дел од играта. Стефан Колоски беше стрелец на првиот погодок. Најпрво биеше Патаровски, голманот одбрани но одбиената топка во голот ја смести Колоски. Албион враќа веднаш со одлична прилика, за среќа нашиот голман го брани нивниот удар. Интересна ситуација се случи, кога речиси голманот на Албион сакајќи да ја избие топката ја префрли вос војот гол. Сепак погодокот му се препишува на Михаил Танчев за сигурно водство од 2:0. До крајот немаше многу време, противникот единствено што успеа е да го намали резултатот на 2:1.
Оваа Вардарова генерација предводена од тренерот Кралевски и понатаму останува единствената од Вардаровите која сеуште е без пораз во детската лига. Денес исто така одиграа одлични натпревари и покажаа голема борбеност.