Вчера во полуфиналето од СЕХА регионалната лига, црвено-црните во меч со драматичен крај ја победи екипата на ППД Загреб. Тренерот на Вардар шпанецот на нашата клупа, Раул Гонзалез за пласманот понатака и оваа победа изјави на стандардната прес-конференција по мечот изјави:
Мислам дека играчите одиграа перфектно, задоволен сум беше ова вистински спектакл. Во првото полувреме одигравме многу добро, се боревме добро и во одбрана и во напад и успеавме да направивме некоја разлика. Во второто полувреме Загреб беше одличен во првите 10 минути и поведе, но потоа ние ја сменивме одбраната и потоа бевме многу подобри. Ова е голем успех, за нас е многу важно што играме во финалето.-изјави Гонзалез.
Кружниот напаѓаач на црвено-црните Марсениќ како преставник на играчите, за овој дуел го изјави следново :
Да се добие Загреб во еден ваков натпревар, каде што имаа огромна помош од трибините не е мала работа. Нема да застанеме овде ќе се спремиме за финале и се надевам дека ќе ја освоиме СЕХА лигата.- изјави по полуфиналниот дуел Мијајло Марсениќ.