Вчера вечерта во спортскиот ракометен центар Кале, кадетките на РК Вардар Јуниор го одиграа последниот натпревар во лигата за оваа сезона. Противник во последниот првенствен меч им беше екипата на Металург, која вооедно и стана шампион во кадетската женска лига. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 13:34.
Екипата од Автокоманда добро го започна дуелот и во првите пет минути имаше предност од 0:4. Како одминуваше првото полувреме, предноста на Металург се повеќе раснеше, тие имаа водство и од 2:10 и за прв пат двоцифрена предност од 3:13. Со оглед дека противникот е категорија повозрасна од Вардаровата, победникот беше решен уште пред почетокот на овој меч. На полувреме се замина со резултат 7:17.
Во второто полувреме ништо позначајно не се случуваше на теренот. Металург до крајот ја потврди својат доминација во лигата и со 10 победи од исто толку одиграни мечеви стана шампион на Македонија. Во редовите на Вардар убедливо најефикасна беше Ивана Блажевска со 7 погодоци, додека 2 постигна Ружица Атанасова.
РК Вардар Јуниор: Станишиќ, Наумовска 1, Милошевска, Ѓорчевска, Буразер, Ѓорѓиева, Атанасова 2, Алексовска 1, Трпевска 1, Ничовска, Ќириќ, Бабунска, Величковска 1, Блажевска 7.