Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марио Асенов: Среќен сум што придонесов да освоиме бод од ова гостување
Марио Асенов: Среќен сум што придонесов да освоиме бод од ова гостување

Марио Асенов: Среќен сум што придонесов да освоиме бод од ова гостување

Дербито во генерација на помлади пионери, помеѓу фудбалските екипи на Вардар и Работнички заврши со поделба на бодовите. Мечот се одигра на теренот на Алумина, на кој Вардар беше гостин. Конечниот резултат на овој дуел беше 1:1. Двата гола беа постигнати со удари од белата точка. Најпрво противникот поведе и имаше предност во првиот дел. Во второто полувреме, неколкуте измени во составот предводен од Сашо Јанев донесоа резултат. Црвено-црните најпрво израмнија на 1:1, а во последната минута испуштија шанса за освојување на трите бодови, откако Астарџиев не успеа да го совлада противничкиот голман од скратен пенал. Сепак нерешениот резултат можеби беше најреален исход на овој меч, на кој гледавме цврста и борбена игра од страна на двете екипи. Вардарци по првото пролетно коло ја задржаа предноста од четири бодови пред тимот на Работнички. Стрелецот на голот за Вардар, Марио Асенов за нашиот сајт ги сподели впечатоците од дерби натпреварот.

-Со нетрпение го очекувавме овој дуел. Работнички се едни од конкурентите за титулата и тежок противник. Сите го дадовме својот максимум, натпреварот беше цврст и неизвесен до самиот крај. Среќен сум што придонесов да освоиме бод од ова гостување. Имавме можност да ги освоиме трите бода и со тоа ќе ги оддалечевме Работнички во борбата за титулата, но немавме среќа.

Сезоната е долга остануваат уште многу натпревари за играње. Оваа генерација покажува голем квалитет и сеуште останува единствената Вардарова генерација која не е поразена во лигата.

-Мојот тим функционира како семејство на чело со нашиот тренер Саше Јанев кој неуморно работи со нас и ни дава максимална поддршка. Нашата цел е да го задржиме континуитетот на играта, следат тешки натпревари од кои повеќето се гостувања. Напорно работиме на тренинзите и искрено се надевам дека вложениот труд ќе го крунисаме со титула, изјави Марио Асенов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски