Фудбалскиот клуб на Вардар генер. “2006“ успешно го искористи денешниот ден да одигра пријателски натпревар со екипата на ФК Смиљковци. Мечот се одигра на големиот терен на ФК Работнички и заврши со победа на црвено-црните со резултат 7:4. Инаку се играше 6+1 на теренот, иако оваа генерација предводена од Кралевски своите натпревари во детската лига ги игра со 4+1 играчи. Сепак нашите млади надежи одлично се снајдоа и во новата улога. Добра игра во текот на целиот натпревар, покажувајќи дека се наожаат во одлична форма во пролетниот дел од сезоната.
Вардар настапи во следниов состав: Данстак, Колоски, Голубов, Цониќ, Николов, Јанкоски, Крстевски, Николовски, Тнчев Патаровски.
Максим Цониќ постигна два гола, додека по еден беа дело на Давид Голубов, Марко Николовски, Драган Јанкоски, Никита Патаровски и Михаил Танчев.