Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на РК Вардар загубија од Куманово
Пионерките на РК Вардар загубија од Куманово

Пионерките на РК Вардар загубија од Куманово

Денес продолжија натпреварите од пролетниот дел во младинските ракометни категории. Пионерките на РК Вардар предводени од Драгана Пецевска денеска загубија на домашен терен од екипата на Куманово. Мечот беше одигран во спортскиот ракометен центар Кале. Избраничките на Пецевска на полувреме губеа со резултат 9-3, нашите млади девојки по 1-1 примија три голови, па потоа дадоа уште еден за 5-2, се до крајот на првиот дел кога го постигнавме и третиот гол за 3:9 на полувреме.

Во вториот дел Вардарки одиграа подобро од првиот дел, постигнаа повеќе погодоци, вкупно шест во вториот дел, но недоволно за некаков позитивен резултат.На крајот нашите млади девојки загубија со резултат 9:17 (3:9). Најефикасни кај нас беа: Донева Јана (5), Седловска Андреа (2) Петковска Мирјана (1) и Галевска Марија (1).