Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Астарџиев ја реши А. Пандев, помладите пионери со нова првенствена победа
Астарџиев ја реши А. Пандев, помладите пионери со нова првенствена победа

Астарџиев ја реши А. Пандев, помладите пионери со нова првенствена победа

Помладите пионери на Фк Вардар (У16) ја впишаа шестата победа во првенството. Нови три бода за оваа екипа, донесе Давид Астарџиев кој со еден погодок го реши натпреварот.

Потешко од очекувањата, оваа генерација сепак успеаа на крајот да ги совлада своите врсници од Академија Пандев. Мечот се играше на теренот на локомотива и заврши со минимални 1:0. Иако нашите момци ја имаа иницијативата и поголем дел од поседот на топка, сепак противникот успеваше да одолее на нападите на Вардар. Првото полувреме заврши без погодоци, за одбележување е шансата на Ибрахим Ариф и поништениот гол за црвено-црните.

Во вториот дел, продолживе со нападите кон противничкиот гол. Академија Пандев умешно се бранеше и се обидуваше преку контра-напади да не изненади. Повторно во гол шанса се наоѓа напаѓачот на Вардар, Ибрахим кој со глава не успева да го погоди голот на противникот. Клучниот момент на овој меч се случи кога Давид Астарџиев успеаа да постигне прекрасен гол од скратен корнер, за голема радост на целата екипа. Неговиот погодок се покажа како пресуден за конечниот победник. Најважно е што успеавме да триумфираме и да освоиме нови три бодови, со кои остануваме на првото место на табелата. Оваа генерација е се уште единствената, која нема доживеано неуспех во новата сезона.

Помладите пионери настапија во следниот состав: Андов, Чурлинов, Ѓурковски Манасиевски, Мирчевски, Астарџиев, Илиевски, Петковски, Николов, Асенов и Ибрахим.