Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Аврамовски „пука”, прв стрелец во овој момент!!
Аврамовски „пука”, прв стрелец во овој момент!!

Аврамовски „пука”, прв стрелец во овој момент!!

Фудбалерите на Вардар играат одлично и заслужено се наоѓаат на првата позиција на првенствената табела со пет бодови повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев. Вардар игра одлично, а еден од најзаслужните за одличните игри и резултати, секако дека е Даниел Аврамовски.

Напаѓачот на Вардар оваа сезона игра одлично. Со осум постигнати погодоци, пет на последните четири првенстсвени натпревари, Аврамовски заслужено е прв стрелец во ПМФЛ, со еден гол повеќе од Јурина кој во овој момент е на бројка од седум.

ФК Вардар одамна немал прв стрелец во шампионатот на Македонија. Добрите игри му носат и повик на Аврамовски во Националниот дрес, така барем велат информациите.