Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Аврамовски нема повреда!!
Аврамовски нема повреда!!

Аврамовски нема повреда!!

Стручниот штаб на ФК Вардар може да здивне. Најдобриот стрелец во ПМФЛ и најдобар поединец на нашиот тим, Даниел Аврамовски, нема повреда и со самото тоа ќе може да му помогне на својот тим во можеби најважните два дуели оваа сезона против Академија Пандев нагости и Шкендија на домашен терен.

Аврамовски се пожали на истегнување на задната ложа во финишот на дуелот против Силекс вчера, а мораше и принудно да го напушти теренот пред самиот крај.

Резултатите сепак покажале дека не се работи за повреда, па Аврамовски со сигурност ќе биде во комбинација за неделниот дуел со А.Пандев во Струмица.