Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Трајановски од Вардар го постигна единствениот гол за Македонија У18 во поразот од Србија
Трајановски од Вардар го постигна единствениот гол за Македонија У18 во поразот од Србија

Трајановски од Вардар го постигна единствениот гол за Македонија У18 во поразот од Србија

Македонската фудбалска селекција до 18 години загуби убедливо на вториот контролен меч против селекцијата на Србија.

Српската репрезентација славеше и на вториот меч, но со многу повисока разлика, дуелот заврши со резултат 1:5. Иако, Македонија прва го отвори резултатот за 1:0, до крајот на првото полувреме, Србија направи резултатски пресврт па на краток одмор замина со водство од 1:2. Во второто полувреме, гостинската селекција постигна уште три нови голови во нашата мрежа, додека Македонија не успеа да реализира удар од белата точка. Стрелец на единственииот гол за Македонија беше играчот на Вардар, се работи за Дамјан Трајановски, кој од слободен удар го матираше противничкиот голман.

Покрај Трајановски во стартниот состав беше уште и Ѓурковски, додека во игра влегоа и Китановски, Петејчук, Омерагиќ и Крстевски.