Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > На натпревар со многу голови во младинската лига, пионерите на Вардар минимално загубија од Бутел
На натпревар со многу голови во младинската лига, пионерите на Вардар минимално загубија од Бутел

На натпревар со многу голови во младинската лига, пионерите на Вардар минимално загубија од Бутел

Пионерите на ракометниот клуб Вардар вечерва беа гости на екипата на Бутел, на натпревар од 6.коло рамките на групата 2 од младинската лига.

Иако многу помлади од противникот, сепак избраниците на Зоран Петковски беа рамноправен противник во најголем дел од мечот. Домашниот тим беше постојано во предност, но црвено-црните на моменти опасно се закануваа на нивната позитива. На полувреме, екипата на Бутел имаше предност од 18:12. Гледавме многу голови и во второто полувреме, а на крајот за два гола разлика како подобра се покажа екипата на Бутел, која славеше со резултат 33:31.

Во младинската лига, вардаровите пионери досега имаат одиграно пет натпревари, на кои имаат скор од една победа и четири порази. Единствениот триумф за нашите млади надежи беше на дуелот против екипата Јуниор Кисела Вода. Во следното коло, Вардар е домаќин на тимот на Струга.

Истиов состав веќе во недела ги очекува меч од пионерската лига. Таму сме доминантни со максимален број на освоени бодови, а следниот натпревар е на домашен терен против екипата на КЛ7.