Даниел Аврамовски, најдобриот играч на Вардар оваа есен и најдобар стрелец во шампионатот на Македонија, упати моќна порака на својот Фејсбук профил. Напаѓачот на нашиот тим вели дека во недела не играат за пари ниту за статуси, туку за себе, за тимот, за Вардар.
„Не знам дали може да ме разберете, но за мене овој тим е поголема „фаца“ од се друго! Во недела не играме ниту за пари, ниту за статус. Играме за себе, за тимот, тврдоглаво бранејќи го својот идеал. Мојот, твојот, нашиот Вардар. Една љубов, еден тим. Заедно за Вардар“, е пораката на Аврамовски.