Есенскиот шампион Вардар се соочува со еден проблем пред неделната дерби пресметка со Шкендија. Поради повреда на скочниот зглоб добиена во финишот од дуелот против Академија Пандев во Струмица, во последното есенско коло нема да може да настапи и помогне еден од најдобрите играчи на тимот, Кристијан Тошевски.
По повредата на Тошевски, стручниот штаб на Вардар е на маки. Можно е малку поназад во играта да се врати Брдаровски, со што ќе се менува и формацијата, па така Вардар би играл 4-4-1-1. Не се исклучува и можноста нашиот тим да започне со „тројка” во одбраната Новак, Најдовски и Серафимов. Останува да видиме за каква формација ќе се одлучи стручниот штаб.
Дуелот на Вардар и Шкендија се игра в недела со почеток од 13.00 часот.