Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар е газда во Скопје, нови голови на Аврамовски за нова победа и лидерско место!!
Вардар е газда во Скопје, нови голови на Аврамовски за нова победа и лидерско место!!

Вардар е газда во Скопје, нови голови на Аврамовски за нова победа и лидерско место!!

Вардар царува во Скопје! И втор натпревар оваа сезона е поуспешен од Работнички. Овој пат како гостин, Вардар победи со резултат 0:2 со головите на Аврамовски и застана на лидерската позиција на табелата. Ова беше нова победа на вардарци, по онаа против Борец во средата.

Во првиот дел Вардар можеше да жали што не водеше најмалку со еден гол разлика. По првите 45. минути вардарци створија четири супер шанси за погодок, но Колевски на два пати не ги искористи своите шанси, а исто така и Аврамовски. Можеше и домаќинот да води, со супер шанса на младиот напаѓач Тошевски, но за среќа по Вардар промаши зицер за гол. Со резултат 0:0 се заврши првиот дел.

Во вториот дел, Вардар продолжи со иницијативата и бараше гол за предност. Тоа не му одеше од рака, па Васоски се одлучи во игра да ги внесе Жуниор и Цветаноски, на местата на Адем и Колевски. По влегувањето на овие двајца, Вардар продолжи да доминира, Аврамовски имаше уште една добра шанса за гол, но за малку биеше над стативата на Шишковски. Голот дојде во 76. минута. Цветаноски беше соборен на 18-сетина метри од голот на домаќинот. Аврамовски ја зеде топката, биеше директно, таа се одби од еден противнички играч и заврши зад грбот на голманот на домаќинот за голема радост и предност на Вардар од 0:1. По голот, разбирливо, домаќинот се обиде да дојде до некоја шанса за гол, додека пак Вардар својата шанса ја чекаше преку контри да дојде до нов гол и печат на оваа средба. До крајот на дуелот тоа и се случи. Преку супер контра, Аврамовски во 93.минута рутински излезе сам пред Шишковски, биеше одлично за нов негов гол и печат на победата од 0:2.

Честитки до играчите на ФК Вардар и до целиот стручен штаб!