Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2011 денес обезбеди победа и одигра реми во Детската лига
ФК Вардар ген.2011 денес обезбеди победа и одигра реми во Детската лига

ФК Вардар ген.2011 денес обезбеди победа и одигра реми во Детската лига

ФК Вардар генерација.2011  во детската лига во денешното  коло одигра два дуела. Момците на Андоновски Боби имаа  солдни партии. На еден меч победија и одиграа едно реми. 

g

ФК Вардар генер.2011 дојде до победа во мечот со тимот на Милано со 4-1. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра. На одмор заминавме со минимално водство од еден гол, за време на паузата беше 2-1. Во вториот дел погодивме уште два пати во мрежата на ривалот, победата дојде со три гола предност односно со резултат 4-1.

g2 g3

Во црвено-црниот тим имавме три стрелци на оваа средба, денес двапати таличен за противникот беше Доротеј Христов. По еден гол во мрежата на нашиот ривал успеаа да „забијат’ Борјан Костовски и Марин Спировски.

g5

Вардар (2)  одигра реми без голови со тимот на  Еуроспорт  од Куманово. Двата тима се бореа за да погодат сепак неуспеаа во тоа, овој натпревар доста нетипично за оваа категорија на млади фудбалери заврши со почетниот резултат.

g4

Нашите момци успеаа со добра игра во одбраната да ја зачуваат својата мрежа во текот на целиот меч што е одличен успех за вака млад тим кој прва година игра во детската лига. Имавме и прилики за гол кои не вродија со плод, сепак одличен резултат е 0-0 на овој дуел со солидниот ривал од Куманово.