Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар ген.2010 во денешните дуели од детската лига одигра реми и впиша триумф
ФК Вардар ген.2010 во денешните дуели од детската лига одигра реми и впиша триумф

ФК Вардар ген.2010 во денешните дуели од детската лига одигра реми и впиша триумф

Момците на Влатко Колев, ФК Вардар генерација 2010 година одигаа два меча во детската лига , на едниот дојдоа со  „полн плен“ на дргугиот одиграа реми.

73292548_10215491293457674_2661712196790124544_n

ФК Вардар(2) на мечот со Бутел, Тргнавме офанзивно, рано отворивме со погодок за 1-0. Давид Лозанов успеа да биде најумешен и да стрела за црвено-црните. Потоа две пречки погоди, Лука Пацевски со удари од дистанца. Ривалот нашите промашувања ги казни, тие со два гола направија целосен пресврт. Се закануваа, Македон Симев со пожртвувана реакција спаси нов погодок. Играчот кој отвори со гол, го постигна и вториот погодок за изедначување. Лозанов, атрактивно со задњиот дел од копачката погоди за 2-2 во последната минута од првиот дел.

73162013_10215491293057664_7278116331281448960_n 74214100_10215491295497725_4997572951478894592_n

Вториот дел започна со цврста игра на двата тима, екипите се бореа претежно на средината од теренот. Во првите пет минути немаше шанса за одбележување пред двата гола. Андреј Јанкуловски на нашиот гол потоа впиша атрактивна интервенција, тој во вториот дел имаше неколку добри одбрани. Лозанов испушти прилика да погоди третти пат, откако со глава од 3-4.метри шутна над гредата. Набрзина со два гола успеавме да се одлепиме на два плус, првиот го постигна Драган Гечев , вториот беше дело на Лука Пацевски. Двајцата имаа одлични реакција во офанзива, обезбедувајќи ни солидна предност. Дарио Илиќ погоди статива, топката се одби до Пацевски кој шутна силно, голманот со крајни напори прифати, ние доминиравме по водството. Ние имавме иницијатива потоа, доминиравме на теренот тоа го „круниса“ Илиќ со гол за 5-2. Со овај резултат се оконча дуелот.

74381705_10215491297617778_8558518869029814272_n

ФК Вардар(1) се сретна со тимот на Шкупи, ние дојдовме до реми на оваа средба, 4-4. Тргнавме офанзивно, две прилики имаше на почетокот Благојче Седлоски во првиот топката мина крај голот , во втора голманот на ривалот успеа да одбрани. Чедевски шутна силно, топката се одби во поле до неа дојде Ристиќ Сефан кој успеа да погоди за 1-0. Ривалот веднаш успеа да изедначи на 1-1. Стефан Ристиќ веднаш успеа во продолжение со неговиот втор гол да ја врати разликата и да погоди за 2-1. Ривалот врза два погодоци и направи целосен пресврт поведувајќи со 2-3. Ние во последната минута преку Марковиќ Далибор изедначивме на 3-3. Нашиот играч успеа да погоди пенал силно за реми на одморот.

73085283_10215491298097790_1292211524558913536_n 11111111
Седлоски Благојче се обиде на старотот од вториот дел со одличен пас да го проигра Васоски Петар кој беше пред голот, голманот со одличен пад ја собра топката од пред неговите нозе. Ние тргнавме офанзивно, на почетокот на овој дел. Перар Васоски со силен удар се обиде, топката мина за малце крај десниот директ на Шкупи. Имавме три големи шанси, се обидоа за нас Седлоски, Марковиќ и Васоски, голманот на Шкупи беше на висина на задачата и не ни даде прилика за водство. Голема шанса за гол имавме од слободен удар, Марковиќ одлично го натфрли живиот ѕид, голманот беше совладан сепак еден одбранбен играч на противникот со глава извади од под пречка. Дури и пенал не успеавме да претвориме во погодок потоа, казната дојде ривалот погоди за 3-4. На чудесен начин до удар од косо реми донесе Седлоски Благојче, тој погоди за 4-4, потоа на нашиот гол Андреј Јанкуловски одбрани фантастично. Ристиќ изведуваше слободен удар, топката удри во „живиот ѕид“ , пред нашиот гол Филип Наумовски со глава правеше чуда во дефензива. Овој меч заврши реми 4-4.