Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки потклекнаа во финишот кај Чаир, прв пораз сезонава
Вардарки потклекнаа во финишот кај Чаир, прв пораз сезонава

Вардарки потклекнаа во финишот кај Чаир, прв пораз сезонава

Денес, ЖРК Вардар во рамки на 7.коло гостуваше на тимот на Чаир, домаќинот пред овој меч беше на позицијата бр.4 на табелата пред триото кое е без пораз помеѓу кои е и Вардар. Во еден тежок меч, девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев потклекнаа во финишот и беа поразени во последните минути со серија 3-0 на домаќинот. 

Првиот дел започна со почетни 3-3, двата тима влегоа рамноправно во мечот. Потоа ние бевме тие кои играа подобро на теренот, успеавме да направиме предност од три плус, 5-8. Се играше гол за гол потоа  на одмор заминавме со два позитива, на семафорот стоеше 15-17 за црвено-црните девојки.
Вториот дел  започна со игра гол за гол, ние го контолиравме мечот беше 17-19, потоа водевме и со  21-24. Се беше одлично за црвено-црните се до резутат  25-27. Во финишот „пропаднавме во црна дупка“, кога требаше рутински да дојдеме до победа против тимот кој прва година игра во лигата ние потфривме. Со серија 3-0, тие во финишот успеаа да дојдат до победа со резултат 28-27.

Седлоска имаше 9 гола, голманките Грујовска и Илиќ имаа по 5 одбрани, Галевска погоди 4 пати.