ФК Вардар продолжува да игра извонредно и да забележува победи. Овој пат на „менито“ на „црвено – црните“ беше градскиот ривал Работнички. Без сомнение, играч на овој дуел е Даниел Аврамовски, кој со денешните два гола е на бројка од седум постигнати што го прави најдобар стрелец во овој момент.
По натпреварот, „Комитите“ на својата Фејсбук страна напишаа:
Ова е тоа што ја продлабочува до срж нашата поврзаност. Со срце, со душа, со идеологија. Знаеме дека сите што се дел од семејството Вардар се на таа линија. Сите знаеме кои сме, што сме, од каде сме !