Генерацијата 2008 на фудбалскиот клуб Вардар одигра еден натпревар во рамките на детската лига.
Активна беше екипата на Вардар (2) која убедливо го доби дуелот против Милано (2). Наште млади надежи славеа убедливо со резултат 7:0. Натпреварот со гол го отвори Коста Бошковски кој го отвори резултатот за 1:0, додека со голот на истиов играч го зголемивме водството и на 2:0. Избраниците на Петар Георгиевски имаа доминација на овој меч, покажаа повеќе од противникот, што се отсликува и по конечниот резултат. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Илија Митаноски, со неговиот гол стигнавме до водство од 3:0. Стефан Бранковски беше играчот кој успева да ја погоди противничата мрежа и да зголеми на 4:0. Во следниот период проследивме и два гола на Матео Кесиќ, како и еден на Ненад Дамјаноски, за конечен резултат од 7:0 на овој дуел од детската лига.