На денешен ден пред 16.години, на свет дојде девојката која помести многу граници на својот ракометен пат. Денес роденден прославува голманот на ЖРК Вардар, девојката која секогаш има најголеми бројки зад своето име Симона Грујовска. Вардарката е кадетска и младинска репрезентативка, таа покрај ова на само 15.години дојде и до признанието „Најдобар голман“ во сениорска конкуренција на Куп завршницата во Куманово. Таа доколку се развива како што се очекува, нејзини ќе бидат највисоките ракометни „неба“.
Помести многу граници во својата кариера, така на 12-13 години дебитираше во сениорска лига, лани беше прв голман на европскиот вице-првак, иако е најмлада во тимот секогаш имаше лидерски остварувања. На сите „пресеци“, полугодишни или сезонски секогаш беше на врвот на листите, секогаш нејзината бројка е најголема, едноставно фактот дека е родена за врвот е нешто што ја следи. Големо богатство е за црвено-црниот тим тоа што е во неговите редови, таа е перспективата на црвено-црниот тим и македонскиот ракомет воопшто.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СИМОНА!