Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2005 со постигнати дури осум гола дојде до нов триумф
ФК Вардар ген.2005 со постигнати дури осум гола дојде до нов триумф

ФК Вардар ген.2005 со постигнати дури осум гола дојде до нов триумф

Висока победа за ФК Вардар ген.2005 во регионалната лига, тимот на ФК Куманово Евроспорт го совладавме со седум разлика. Момците на Зоран Петковски победија со резултат 8-1.

75210181_2504247686288729_7244749997374177280_n

Вардар: Илиевски, Николовски, Ристовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Цветков, Антевски и Дошев. Играа уште: Филевски, Јакимовски, Стефановски, Уневски и Серафимов.

73409319_2504247726288725_8721318015246794752_n
Ние доминиравме од првата минута, на почетокот имавме три големи шанси преку капитенот Никола Величковски. Тој со глава имаше три обиди по кој неуспеавме да поведеме. Ривалот играше максимално дефанзивно и се закануваше само од контри. Успеавме преку Горјан Цветков кој со удар од 20.метри погоди да го разбиеме “бункерот“. Конечно Величковски со глава успеаа да погоди, тој со одличен удар стрелаше за 2-0. Филип Јовановски стапи на сцена, тој имаше одлична прилика која не ја погоди. Во следната успеа да погоди за високо водство со 3-0. Ние доминиравме целосно, тоа беше крунисано на крајот од првиот дел кога Антевски Кристијан успеа да стрела за конечните пред одмор 4-0.

a
Во вториот дел се беше како во првиот период, ние напаѓавме ривалот беше во „бункер“ и повремено се закануваше со контра-напади. Антевски на самиот почеток на вториот дел успеа да погоди за високи 5-0. Потоа Спасиќ Тино имаше одличен шут, кој беше одбранет од голманот на противникот. По една контра кумановчани успеаа да погодат за намалување на 5-1. Ние доминиравме и по овој гол, Антевски и Величковски успеаа да погодат на брзина два пати за предност од шест гола, 7-1. Капитенот Величковски Никола имаше две прилики до крајот, од едната погоди за конечни 8-1 на овој меч од регионалната-скопска лига.