Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Убедливи победи за пионерските екипи на ФК Вардар, во дуелите со Македонија Ѓ.П
Убедливи победи за пионерските екипи на ФК Вардар, во дуелите со Македонија Ѓ.П

Убедливи победи за пионерските екипи на ФК Вардар, во дуелите со Македонија Ѓ.П

Пионерските екипи на ФК Вардар денес гостуваа во Ѓорче, на натпревари од 7.коло против екипата на Македонија Ѓ.П

Помладите пионери ја забележаа и петтата победа во рамките на помладата-пионерска супер лига. Избраниците на Сашо Тодоровски славеа убедлив триумф со резултат 0:7. По првото полувреме имавме исто така солидна предност од . Бесар Гуџуфи и Игор Јаневски постигнаа по два гола, додека по еден беа дело на Лука Ивановски, Талха Идризи и Теодор Перковски.

Вардар: Тасев, Милошевски, Љушев, Ивановски, Стојановски, Стоимов, Јаневски, Хајдари, Ибраим, Попов, Идризи

Во игра влегоа уште и Ричков, Перковски, Гуџуфи, Здравковски, Анчевски и Павлески.

До убедлив триумф стигнаа и пионерите на ФК Вардар кои го совладаа тимот на Македонија со резултат 0:6.

Вардар: Стојковски, Трпезановски, Јовановски, Ѓоргоски, Сељанац, Ѓорѓиевски, Давидовски, Стојчевски, Мирков, Стојановски, Тасевски.

Повратникот во екипата, Дарио Јовановски го отвори резултатот на овој меч за водство на Вардар од 0:1. До крајот на првото полувреме постигнавме уште два гола. Георг Стојановски зголеми на 0:2, додека Петре Тасевски, го постави резултатот од 0:3 на полувреме.

Во вториот дел, избраниците на Стефановски одиграа со притисок на противничката половина, повторно создадовме нови шанси, од кои три ги претворивме во голови. Со вториот гол на Георг Стојановски стигнавме до предност од 0:4, додека Андреј Стојчевски зголеми на 0:5. Конечните 0:6 со својот нов хет-трик ги постави Георг Стојановски.