Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Леонид Игнатов и Азер Омерагиќ се нови играчи на Хајдук
Леонид Игнатов и Азер Омерагиќ се нови играчи на Хајдук

Леонид Игнатов и Азер Омерагиќ се нови играчи на Хајдук

Леонид Игнатов и Азер Омерагиќ од денес се и официјално нови играчи на сплитски Хајдук. Играчите кои беа дел од Академијата на Вардар и кои имаа забележано настапи за првиот тим на Вардар, од денес се нови членови на Хајдук.

Извесно време, Лео и Азер се наоѓаа во Хрватска, каде се чекаше само формално да стават потпис на договори, а исите се во важност од 2+1 години. Утрово тие ги поминаа лекарските прегледи и во иднина ќе тренираат со вториот тим на Хајдук. Се работи за играчи кои се генерација 2002 и кои се светла иднина за Македонската репрезентација.