Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-тимот на Фк Вардар одигра нерешено против Брегалница
Б-тимот на Фк Вардар одигра нерешено против Брегалница

Б-тимот на Фк Вардар одигра нерешено против Брегалница

Започна втората сезона на Б-лигата, за фудбалскиот клуб Вардар со натпревар против екипата на Брегалница. Иако по првото полувреме имавме негатива од 2:0, во вториот дел црвено-црните успеаа да го израмнат резултатот, за конечни 2:2 на овој дуел. Тренерот Љупчо Марковски настапи со играчи од младинските категории, без ниту еден од првиот тим на Вардар. Иако во составот на Брегалница играа неколку првотимци, кои се дел од мечевите во ПМФЛ сепак нашите младинци не се предадоа.

Во вториот дел најпрво намаливме со голот на Кристијан Апостоловски, на кој претходеше акција и асистенција од Виктор Димков. Неколку минути пред крај, конечниот резултат го постави Ердон Даци.

ВАРДАР: Ѓоргиоски, Ричков, Јошевски, Цукалевски, Исмаил, Николовски, Личина, Димков, Беќири, Димитровски и Даци.

Играа уште: Апостоловски, Насковски, Маркоски, Менкиновски, Додевски и Трајчевски.

foto:fb>stipski asovi