Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дарко Сековски: Најважно ми е Вардар да победи, ми се исполни желбата во финале да дадам водечки гол од слободен удар
Дарко Сековски: Најважно ми е Вардар да победи, ми се исполни желбата во финале да дадам водечки гол од слободен удар

Дарко Сековски: Најважно ми е Вардар да победи, ми се исполни желбата во финале да дадам водечки гол од слободен удар

ИНТЕРВЈУ со Дарко Сековски, кој настапува за фудбалскиот клуб Вардар, генерација родени “2006“ година. На првиот меѓународен турнир “Кул куп 2015“ кој се играше во Скопје, Дарко со својата екипа го освои првото место. Тој беше втор најефикасен играч кај црвено-црните, постигнувајќи вкупно 10 голови. Ве запознаваме, кој е всушност Дарко Сековски, кога се неговите први почетоци со фудбалот и неговите постигнувања.

Дарко Сековски е роден во Скопје на 20.02.2006 година.
Љубовта кон фудбалската топка му се роди уште на 3-годишна возраст, гледајќи го 4-години постариот брат Филип на тренинзите во Работнички.
По стапките на “бато” Филип , Дарко (на пет годишна возраст) започнува со тренинзи во Работнички.
Следната, 2012 година, “бато” Филип преминува во ФК Вардар, а по него и Дарко, како помал, се вклопи во една-година постарата генерација 2005-та.
Под водство на тренерот Зоран Петковски, веќе следната, 2013/2014 сезона, го освојува државното првенство на Македонија, со генерација 2005-та (финале Вардар – Фер Плеј Охрид 5:2).
Наредната (ланската), 2014/2015 сезона, повторно шампиони на Македонија, овој пат со генерација 2006-та, (финале Вардар – Шкупи 2:1, под команда на Зоран Петковски ).
Во меѓувреме, Дарко, со Вардар учествува на повеќе домашни и меѓународни турнири. Ги издвојуваме последните два:
– прво место на Брегалница Куп, со генерација 2005-та и тренерот Зоран Петковски,
– Изминатиов викенд, повторно прво место, на меѓународниот турнир “КУЛ КУП 2015” со генерација 2006-та под водство на тренерот Игор Кралевски (финале Вардар – Кикер Краљево 5:1).

vardarfans sekovski

1.  Дарко, како го доживеа “КУЛ КУП 2015” турнирот, со оглед дека го освоивте првото место?

-Многу сум среќен што сме први, постигнавме многу голови и им ја честитам победата и освоениот трофеј на сите мои соиграчи. Ова за нас претставува непроценливо и богато искуство.

2. Какви се твоите впечатоци од целокупниот турнир, играчите и резултатите?

- Турнирот беше одлично организиран на едно високо ниво. На него учествувааа силни екипи и играчи и би сакал да има повеќе вакви турнири.

3. Колку си задоволен од прикажаното, со оглед дека си втор стрелец во својата генерација?

-Најважно ми е Вардар да победи. Им се радувам на головите што ги постигнувам, ми се исполни желбата во финале да дадам водечки гол од слободен удар, но најмногу им се радувам на моите асистенции по кои постигнуваме голови, изјави Дарко Сековски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски