Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Победа за Македонија У-21, 90 минути за Бобан Николов
Победа за Македонија У-21, 90 минути за Бобан Николов

Победа за Македонија У-21, 90 минути за Бобан Николов

Младите надежи на Македонија, селекцијата до 21 година, направи уште еден подвиг. Нашите млади надежи вчера ја совладаа Северна Ирска на гостински терен со 2:1. Избраниците на Благоја Милевски (екс тренерот на ФК Вардар) одиграа еден одличен меч во Ирска и ги надираа врсниците на оваа земја. Нашите млади момци влегуваат во серија, ова е втора победа по ред за нашите надежи. Сега тие имаат 6 бодови од 3 натпревари и се наоѓаат на 3-то место во нашата група.

Играчот на ФК Вардар, Бобан Николов ги одигра сите 90 минути и на овој натревар. На минатата средба за потсетување Николов беше капитен на оваа репрезентација. Несомнено во оваа генерација има капацитет. Следен противник е Франција на домашен терен, некаде на средината на ноември месец. Уште еднаш браво за овие наши млади надежи.