Фудбалскиот клуб Вардар има со кого да се гордее, во изминативе денови. Нивните дечиња кои се родени “2006“ година на убедлив начин го освоија првото издание на меѓународниот турнир “Кул куп 2015“ . Овој турнир се одржуваше три дена во Скопските населби Карпош и Кисела вода. На него учество земаа две генерации на Вардар, фудбалери родени “2006“ и “2007“ година.
Токму Фк Вардар генерација “2006“ која ја предводи поранешниот репрезентативец Игор Кралевски, на убедлив начин го освои првото место. Со вкупно шест победи и ниту еден пораз, црвено-црната машинерија на Кралевски се најде на тронот.
Најпрво во група се натпреварувавме со екипите на Риниа, фудбал-старс( Кочани) и тимот на Албарса. Тука без поголеми проблеми го освоивме првото место, остварувајжи ги следниве резултати.
1 коло: Вардар- Риниа 1:0 -Дарко Сековски.
2 коло: Вардар – фудбал-старс ( Кочани) 13:1 – Давид Голубов (4), Давор Лефковски (3), Дарко Сековски (3), Максим Цониќ (2) и еден гол за Михаил Танчев.
3 коло: Вардар- Албарса 6:1 – Давор Лефковски (2), Давид Голубов (2) и Дарко Сековски (2).
Започнаа елиминациските натпревари и борбата за пласман на првите три места. Во четврт-финалето, младите Вардарци се сретнаа со екипата на Драчево, на која им одржаа фудбалска лекција. Без примен гол, а со четири погодоци во мрежата на противникот беше забележат триумф од 4:0. Давид Голубов постигна два гола, по еднаш во листата на стрелци се запишаа Дарко Сековски и Максим Цониќ.
Иако се очекуваше во полуфиналниот и финалниот меч, противниците да пружат поголема борба и да бидат рамноправен противник, тоа не се случи. Противник во 1/2 на црвено-црните беше екипата на Металург. Избраниците на Кралевски без никаков респект кон градскиот ривал, му нанесоа тежок пораз со резултат 6:1. Металург не се изнаигра многу на овој меч, па голот што го постигна беше се што сторија на овој меч. Што се однесува до реализаицијата повторно во главна улога беа Давид Голубов и Давор Лефковски кои постигнаа по два гола. Дарко Сековски и Максим Цониќ само ја потврдија доминацијата на Вардар, со по еден гол во мрежата на зелените.
Следуваше големото финале на првото издание на овој турнир. Во него се сретнаа екипите на Вардар и Кикер Краљево. Ништо поразлично не се случуваше од претходните дуели на црвено-црните, кои со петарда во мрежата го испратија дома гостинскиот тим. Противникот од Краљево немал забележано пораз во последните четири години. Вардарци не само што ги поразија, туку им покажаа како се бранат боите на клубот. Резултатот од 5:1 беше реалниот исход од големото финале. Стрелци на головите беа: Давид Голубов (2), Дарко Сековски (2) и Давор Лефковски. Во идеалниот тим на турнирот се најдоа токму Давид Голубов и Давор Лефковски.
Златните момчиња се: Лука Јаневски Андреј Данчевски, Давид Голубов, Дарко Сековски, Максим Цониќ, Давор Лефковски, Никита Патаровски, Иван Блажевски, Михаил Николов, Дамјан Крстевски, Михаил Танчев и Милош Спасовски.
Секоја чест и честитики од нашата редакција која паралелно ги следи сите нивни случувања. Овие дечиња несомнено покажаа како треба да се бранат боите на најтрофејниот клуб во Македонија. Со својата максимална дисциплина, борбеност и пред се другарство, гордо го претставија Фк Вардар и Македонскиот фудбал. Тренерот Кралевски треба да биде презадоволен од нивните резултати и залагања, бидејќи сепак се работи само за 9 годишни деца, кои доправа треба да ги учат вредностите на фудбалот. Со освојување на овој силен турнир покажаа дека се на вистинскиот пат.
Звонко Ивановски