Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бразилецот Балотели го засилува нападот на ФК Вардар
Бразилецот Балотели го засилува нападот на ФК Вардар

Бразилецот Балотели го засилува нападот на ФК Вардар

После младинскиот голман Игор Алексовски, нашиот фудбалски шампион преку својата официјална страна го потврди и второто засилување за сезоната која претстои. Нов играч на црвено-црните е Џонатан Балотели кој доаѓа од екипата на Трабалхадоре. Се работи за класичен напаѓач од Бразил, кој има настапувано и за неколку други екипи. Балотели ќе биде големо засилување за Вардарци, во пресрет на квалификационите натпревари во лигата на шампионите. Како што знаеме противник ќе ни биде екипата на Динамо Загреб.

-Среќен сум што сум дел од клубот, но само што пристигнав, сигурен сум дека ме чека многу работа. Ми треба повеќе време за да се запознам со сите и да се навикнам на новата средина. Знам дека Вардар е голем клуб во Македонија и дека изминатава сезона го освоија првото место во лигата, а мојата желба е и другата година да се повтори тоа заедно со мене, исто така се надевам на успех во европските натпреварувања, рече Балотели за официјалниот сајт на ФК Вардар.