Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја потврди нашата вест, Игор Алексовски прво летно засилување
Вардар ја потврди нашата вест, Игор Алексовски прво летно засилување

Вардар ја потврди нашата вест, Игор Алексовски прво летно засилување

Фудбалскиот клуб Вардар официјално го потврди она ние што ви го најавивме на 11-ти мај (види) дека голманот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година Игор Алексовски е првото летно засилување. Алексовски веќе е дел од  тим на подготовките во Бад Тацмандорф,  тој има 21 година, кај нас  доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде изминатата сезона беше еден од клучните играчи за враќањето на клубот во Првата лига. Покрај тоа тој е стандарден голман  на младинската селекција на Македонија, со која моментно е на делба на второто место во квалификациската група  за пласман на ЕП 2017 -Полска. Тој за клубската страна за потписот во Вардар вели:

Чувството да се биде дел од еден вака голем клуб е прекрасно. Сите во Македонија знаеме кој е Вардар и што сѐ има постигнато низ историјата. Едноставно може да се вброи во најдобрите на целиот Балкан. Јас како нов во редовите, одлично се вклопив и премногу сум задоволен од професионалниот начин на работа. Дел од колегите веќе ги познавам, со нив играм во младата репрезентација, со останатите сѐ уште се запознавам. Сега за сега, целам да го презентирам она што го знам на тренинзите, а за се останато останува да одлучи стручниот штаб.