Овој викенд продолжува првата фудбалска лига на Македонија. ФК Вардар гостува в недела на тимот на ФК Силекс во Кратово. За овој дуел ФФМ го одреди Јосип Бартон за главен судија.
Помошници на Бартон ќе бидат Горан Манасиев и Петар Новачев, двајцата од Велес, додека четврти судија е Далибор Ѓорѓевски од Куманово. Делегат на мечот е Адмир Зекировиќ од Скопје.