Изминатата недела ЖРК Вардар пред своите гледaчи во рамките на 1/4 финалето во Лигата на шампионките буквално го ”разнесе” тимот на норвешки Ларвик со 14 голови разлика. Ваква партија не сме гледале одамна, а можеби и никогаш не само кога е Вардар во прашање, туку и ракометот. Своја одлична партија прикажа нашата голманка Лејно, но и целиот тим. Погледнете го уште еднаш целиот натпревар, нема да зажалите.
