Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски не игра против Шкендија и Победа!
Брдаровски не игра против Шкендија и Победа!

Брдаровски не игра против Шкендија и Победа!

Чедомир Јаневски нема да може да смета на Владица Брдаровски во првите две пролетни кола. Десниот бек на Вардар се повреди на еден пријателски дуел во Анталија, за среќа повредата не е сериозна но бара одреден период мирување.

Значи утре на дерби пресметката со Шкендија, Брдаровски нема да може да помогне и в недела на домашен терен против Победа. Се очекува играчот да е подготвен за Куп пресметката исто така против Шкендија идната недела.

Утре се очекува местото на Брдаровски да го пополни Тошевски.