Екипите на Вардар и Шкупи, кај генерација 2007 одиграа без голови. На контролен натпревар кој се одигра на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, нашите надежи предводени од Влатко Колев ремизираа со екипата на Шкупи од Чаир.
Видовме борбен натпревар, на кој и двете екипи имаа добри периоди на игра, како и шанси да го отворат резултатот. Сепак до крајот мрежите на двете екипи мируваа. Погледнете неколку фотографии од овој натпревар, додека галеријата ќе биде поставена во теков на наредниве денови на нашиотвеб сајт.