Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Има еден меч кој секогаш ми е во главата, тоа беше вистински пекол”
„Има еден меч кој секогаш ми е во главата, тоа беше вистински пекол”

„Има еден меч кој секогаш ми е во главата, тоа беше вистински пекол”

Ларс Гејпел и Маркус Хелбриг заминаа во пензија за време на летото. Познатата германска судиска двојка во интервју говореа за нивните кариери, како и за мечевите кои би ги издвоиле. Во преден план ја ставија пресметката во Скопје, на Вардар и Металург..

„Има еден меч кој секогаш ми е во главата – од Лигата на шампионите. Го водевме градското дерби во Скопје помеѓу Металург и Вардар, тоа беше вистински ,,пекол” низ кој создадовме доста искуство. Уште се сеќавам на тој меч и денес“, рече Хелбриг и веднаш следеше дополнување од колегата.

„Секако, затоа што нѐ гаѓаа со столчиња“, додаде Гејпел, па Хелбриг возврати:

„Да, тоа е точно. Неколку столчиња летнаа на терен од страна на публиката, но не би сакал да одам во детали (се смее). Накратко: Тоа беше еден од најпеколните натпревари кои сме имале шанса да го судиме“, заврши Хелбриг.