Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Беше уживање и гордост да се присуствува во старото МНТ, и покажавме како правите Скопјани, и застапниците на урбаниот начин на живот, знаат да го почитуваат и сакаат својот град
Комити: Беше уживање и гордост да се присуствува во старото МНТ, и покажавме како правите Скопјани, и застапниците на урбаниот начин на живот, знаат да го почитуваат и сакаат својот град

Комити: Беше уживање и гордост да се присуствува во старото МНТ, и покажавме како правите Скопјани, и застапниците на урбаниот начин на живот, знаат да го почитуваат и сакаат својот град

“ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ”
99-то издание на една од најуспешните Скопски урбани приказни, која под името “Вардарски пастуви” ги освојува симпатиите кај Скопјани веќе 5 години.
99 како годината на основање на Лојал Фанс, кои веќе 22 години претставуваат авангарда на урбано Скопје и Комити, заштитници на Вардар.
Култната претстава веќе 5 години се игра во Театар Комедија (Старо МНТ) и сеуште не успева да ги засити Скопјани, кои секогаш бараат билет повеќе, претстава со еден урбан и модерен приказ за една градска легенда која живее веќе 34 години, чие име е Комити, и чии припадници стојат цврсто на браникот на симболот на Скопје и Македонија – ФК ВАРДАР.
.
Им благодариме од срце на изведувачите, кои на автентичен, оригинален, но и симпатичен начин не претставуваат пред јавноста, креирајќи приказна за љубовта кон Вардар но и снаодливоста да се опстане во урбаната џунгла и секојдневните предизвици пред кои се соочуваме.
Цела сала овојпат беше црвено-црна, на сцената најдоброто што го има Македонија од жанрот комедија, во салата двете најголеми спортски институции кои ги има Скопје и Македонија – Фудбалскиот и Ракометниот Клуб Вардар, но и ние комитите кои чии улоги се позајмени, или случајно се совпаѓаат во имињата и сценариото.
.
Благодарност до Фудбалскиот и Ракометниот Клуб Вардар кои помогнаа во организацијата, и кои направија вечерта да биде многу поубава со своето присуство.
Пред две години една друга група млади скопјани потпомогнати и поттикнати од политиката, погазија и осквернавија една институција, драга на сите кои го сакаат Скопје, кои го почитуваат театарот, музиката и уметноста – “МНТ”.
.
Вчера беше уживање и гордост да се присуствува во старото МНТ, и покажавме како правите Скопјани, и застапниците на урбаниот начин на живот, знаат да го почитуваат и сакаат својот град, неговите културни знаменитости и институции.
.
Ви го доловуваме крајот на претставата…
А нашата приказна продолжува…
П.С. Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Столе Мицов, Едмонд Сотир, Ердоан Максут и Жаклина Петровска – пригодно добија наши признаници за промоција и одбрана на симболите на Скопје, велат од Комити. Официјалното видео од навивачите можете да го погледнете ТУКА.