ЖРК Вардар во 3.коло од Европскиот куп беше домаќин на силниот тим на од Холандија, екипата на Јуро Унирек. Покажавме квалитет, борбеност и храброст на оваа средба против тим кој е далеку повозрасен и поискусен од нас. Вардарки всушност се комбинација на тим во кој играат младинки и неколку кадетки, па самото играње во оваа рунда е огромен успех. На одмор заминавме со минимална негатива (17-18), на крајот бевме поразени со резултат 25-35.
Вардарки добро отворија, ние први поведовме имавме ритам на почетокот. Со голот на Миновска Сара започнавме со предност 4-2. Сепак имавме сериозен тим за ривал кој изнајде сили и успеа да направи пресврт, тие поведедоа до 12.минута со 6-9, по што Ристова побата минута одмор. Холанскиот тим успеа да се одлепи на пет плус, тие поведоа со 8-13 во 18.минута од оваа средба. Нашите девојки се обидуваа да парираат, особено храбро играа крилата Миновска и Трпевска кој погодуваа во напад. Црвено-црните девојки имаа значајна поддршка од гледалиштето, тоа заедно со нивната одлична игра во поле се преточи и на резултатски план. Во 25.минута преку по една одбрана на Трајкоска, Михаела Стојановска со својот 5ти гол дотогаш намали на 14-16. Конечно по долго време во последната минута дојдовме до гол негатива, (16-17) Трпевска погоди од невозможна позиција. На одмор се замина со резултат 17-18, Миновска како да сакаше да покаже на колешката од другата крилна позиција дека може да погоди од потешка ситуација, на задоволство на целиот тим стрелаше за 17-18.
Во првиот дел пет гола имаше Стојановска, по три пати погодија Миновска и Трпевска, Костовиќ имаше 2 гола, а Трајкоска впиша 3-4.одбрани иако влезе од клупата.
Нашите девојки имаа сериозен ривал, противникот имаше квалитет и се оделепи на три плус (19-22), во 36.минута. По одбрана на Илиќ во напад со својот 7ми гол, овој пат од пенал Михаела Стојановска намали на 21-22 во 38.минута. Имавме силен противник кој имаше тенденција да се одлепи, со крајни напори успевавме дај ги држиме на ниска негатива. Во последните 15 минути со голот на Костовиќ влеговме со два негатива (24-26) во последната четвртина од мечот. Немавме сили за борба во финишот, падна и мотивацијата па ривалот искористи и победи со 25-35.
Стојановска беше прв стрелец со 7.гола, Диневска и Трпевска имаа по четири, по три гола имаа Миноска и Костовиќ.
Треба да напоменеме дека по долго време имаше одлична навивачка атмосфер во СЦ „Јане Сандански“ на женски меѓународен натпревар. Вардарки имаа одлична поддршка од околу 4-500 домашни гледачи кои ги бодреа, а и тимот на Јуро Унирек имаше 50сетина поддржувачи.