Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар и Шкендија одиграа без победник, во дербито на колото во помладата пионерска супер лига
Вардар и Шкендија одиграа без победник, во дербито на колото во помладата пионерска супер лига

Вардар и Шкендија одиграа без победник, во дербито на колото во помладата пионерска супер лига

Помладите пионери на ФК Вардар со нерешен резултат ја започнаа дебитантската сезона во помладата пионерска супер лига. Утрово на теренот на Академијата, вардарци во дербито на колото играа без победник во дуелот со екипата на Шкендија (2:2). Иако на два пати имавме водство, сепак екипата од Тетово израмнуваше.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Тасев, Каровски, Љушев, Павлески, Стоимов, Здравковски, Дошев, Идризи, Ричков, Ибраим, Гуџуфи.

3

Првите три диреткни удари кон голот ги имаше екипата на Шкендија, но ништо посериозно кон нашиот гол. Во систе обиди, сигурен беше Тасев кој ја прибра топката во своите раце. Гледавме цврст натпревар на овој дерби дуел од помладата пионерска супер лига. Вардар се обидуваше да создаде прилика, но Шкендија успешно ги имаше затворено сите приоди кон нивниот гол. Сепак, црвено-црните избраниците на Сашо Тодоровски успеваат први да го отворат резултатот на овој натпревар и да поведат со 1:0. Откако Бесар Гуџуфи доби топка по левата страна, нашиот напаѓач бие силно и прецизно по земја, голманот на Шкендија немаше можност да интервенира, па беше принуден да ја извади топката од својата мрежа. После отварање на резултатот, видовме и голема иницијатива на Вардар кој сакаше да постигне уште еден гол. Се обиде повторно Гуџуфи од околу 20.метри, но топката оди покрај голот, исто така и Павлески од голема далечина, но противничкиот голман се најде на вистинското место.

1

Вардар имаше голема прилика да го зголеми резултатот по првото полувреме. Одчична акција на Вардар која тргна од средината на теренот, Здравковски нафрли од левата страна во противничкиот шеснаесетник, Левент Ибраим се најде во добра позиција сам, биеше со глава од непосредна близина, но топката заврши крај голот, пропуштивме добра прилика за поголемо водство. По првите 45 минути, нашите помлади пионери имаат водство од 1:0.

На стартот од вториот дел беа направени две измени во нашите редови. Играта ја напуштија Здравковски и Дошев, на нивно место во игра се Попов и Јаневски. Вардар имаше повторно голема прилика да го зголеми резултатот, но Гуџуфи од изгледна прилика не погоди, односно шутира над голот. Нови измени направи Тодоровски, тренерот на Вардар, од игра ги повлече Идризи и Ибраим, на нивно место се Стојановски и Перковски. Шкендија успева да го израмни резултатот на 1:1 и тоа од прекин.

2

Нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на Шкендија највисок во скокот, кој од непосредна близина го совладува Тасев, за израмнување на 1:1. Не поминаа ни две минути од погодокот, Вардар експресно го враќа водството, со вториот гол на Гуџуфи за предност од 2:1. При радост на голот, Гуџуфу со удри корнер знаменцето, па главниот судија му покажа втор жолт картон, што значеше црвен картон за двојниот стрелец на Вардар. Остнаа уште 15 минути од мечот во кои Вардар играше со играч помалку. Тоа Шкендија го искористи и втор пат од идентична позиција успева да постигне гол, повторно од слободен удар, нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, „спие“ нашата одбрана, а Шкендија израмнува на 2:2. Останаа уште осум минути игра, Вардар се обиде да нападне, но немавме голема прилика, освен слободниот удар на Павлески од 20 метри, кој бие само во живиот ѕид. Крај на ова дерби од 2.коло во помладата пионерска супер лига, Вардар и Шкендија ги поделија бодовите, играјќи со конечни 2:2.