Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стартни победи на турнирот „Кул Куп“ за генер. 2007, 2008 и 2009 на ФК Вардар, пораз само за генер. 2010
Стартни победи на турнирот „Кул Куп“ за генер. 2007, 2008 и 2009 на ФК Вардар, пораз само за генер. 2010

Стартни победи на турнирот „Кул Куп“ за генер. 2007, 2008 и 2009 на ФК Вардар, пораз само за генер. 2010

Денес на стадионот на Цементарница стартуваше новото издание на младинскиот фудбалски турнир „Кул Куп 2019“. Четири генерации на ФК Вардар ќе учествуваат на овој меѓународен турнир.

Генерацијата 2007 имаше убедлив старт на турнирот откако успеа убедливо да го добие својот прв меч и тоа против екипата со која играше во големото финале на турнирот Гази Баба Куп. За разлика од тој дуел кој го добивме дури после изведување на удари од белата точка, денес бевме многу поубедливи, едноставно го надигравме противникот кој не се изнаигра многу на овој натпревар Избраниците на Горан Петрески го добија мечот високо во своја корист со резултат 5:0. Стефан Младеновски постигна два гола, додека во листата на стрелци се запишаа уште и Иван Блажевски, Борјан Томовски и Александар Грашески.

До прва победа на турнирот стигна и генерацијата 2008 која е предводена од Петар Ѓорѓиески. Тие на отварање на турнирот за противник ја имаа силната екипа на Војводина од Србија, која ја победија со резултат 3:1. Одличен меч за црвено-црните кои се покажаа како подобри на овој дуел, покрај головите имавме уште неколку шанси кои останаа нереализирани. Арти Азизи беше играчот кој постигна два гола, додека еден гол беше дело на Стефан Бранковски, за конечни 3:1 на овој дерби меч од групата кај генерацијата 2008.

2008

Со триумф, турнирот „Кул Куп“ го стартуваше и генерацијата 2009 која ги победи врсниците од екипата на Драчево. Избраниците на Кралевски одиграа добар натпревар, кој го добија во своја корист со конечен резултат од 3:1. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар, тоа беа Васко Папаливски, Јаков Стојковски и Дарин Михајловски.

2009

Единствено пораз во првото коло забележа генерацијата 2010 на Вардар, која загуби минимално о:1 од екипата на Ника од Србија.

2010

Уште по еден натпревар до крајот на денот ќе одиграат генерациите 2007 и 2009 на ФК Вардар.