Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Високи порази за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Шкендија
Високи порази за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Шкендија

Високи порази за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Шкендија

Кадетите и младинците на ФК Вардар имаа лош ден на гостувањето во Тетово. Во рамките на 2.првенствено коло, нашите млади надежи беа поразени од екипата на Шкендија.

Неочекувано, кадетите доживеа убедлив пораз против врсниците од екипата на Шкендија. Иако Вардар прв го отвори резултатот на овој дуел со голот на Фисник Салиу уште во 5.минута од дуелот, сепак на крајот претрпевме висок пораз. До крајот на првиот дел, односно во 38 минута од мечот, домашниот тим го израмни резултатот на 1:1, за во вториот дел со погодоците во 48, 60 и во 62 минута да ги постави конечните 4:1 на овој дерби натпревар од пионерската супер лига. После стартната победа, кадетите го претрпеа и првиот пораз во новата натпреварувачка сезона.

Вардар: Китановски, Петејчук, Асани, Радуловиќ-Величковиќ, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Гугуљанов, Омерагиќ (c), Речица, Салиу.

Прв пораз во новата сезона и за младинците на ФК Вардар кои останаа без бодови на гостувањето кај Шкендија. Противникот славеше на овој дуел со резултат 3:0. Вардар не помина добро ниту на овој меч, па крајот мораше да се помири со висок пораз. Головите беа постигнати во 41, 43 и 55 минута од мечот.

Вардар: Андов (c), Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Трајановски, Хасановиќ, Цури, Ристовски, Рушити, Демири