Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардар ја „декласира“ Шкендија, во дербито на пионерската супер лига
Вардар ја „декласира“ Шкендија, во дербито на пионерската супер лига

Вардар ја „декласира“ Шкендија, во дербито на пионерската супер лига

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар на најдобар можен начин ја отворија новата сезона. На теренот на Академијата во рамките на 2.коло, генерацијата 2003 на Вардар ја „декласира“ екипата на Шкендија со резултат 5:0.

Тренерот Стефановски мечот го стартуваше со следниве играчи: Стојковски, Јовановски, Ѓоргоски, Сељанац, Давков, Давидовски (c), Ѓорѓиевски, Стојчевски, Живков, Мирков и Стојановски.

Страшно добро полувреме одиграа пионерите на ФК Вардар кои не им дадоа на Шкендија да ја поминат половината од теренот. Иако противникот прв се обиде од голема далечина шутирајќи крај нашиот гол. Избраниците на Стефановски со силен пресинг на противничката половина и одржаа фудбалска лекција на Шкендија во првите 45 минути. Првиот директен удар кај Вардар го упати Грегори Давков кој од слободен удар се обиде, но одбрани голманот на тетовчани. Набрзо го отворивме резултатот кога погоди Георг Стојановски во минута од мечот.

4

Нашиот напаѓач уште на првиот меч покажува дека ќе биде „кошмар“ за противничките екипи, а тоа на својот грб денес го почуствува еден од главните ривали на Вардар за титулата. Вардар поведе со одличен гол на Стојановски, кој со фудбалско чуство ја спроведе топката во долниот десен голмански агол, за предност на Вардар од 1:0.

2

Се обиде повторно Давков, овој пат директно од корнер да го изненади голманот на Шкендија, кој беше на своето место и одбрани. Силна офанзива на нашите пионери, кои постојано создаваа шанси кон противничкиот гол. Откако Мирков претрча речиси сам од половина терен, се создаде прилика за гол, издржа нашиот играч во дуелот, шутираше добро, но голманот на гостинскиот тим спречува уште еден гол во неговата мрежа. Сепак вториот гол дојде набрзо, а стрелец е токму Антонио Мирков, кој не му беше тешко да погоди од неколку метри, откако Стојановски успешно асистираше, што значеше и водство на Вардар од 2:0.

3

Нов обид имаше и Мирков, додека голема шанса пропушти Гео, кој можеше до нов гол, но брани голманот на Шкендија. Налетите продолжија, водството не му значеше ништо на Вардар, нашите млади надежи сакаа уште во првиот дел да го понижат ривалот. Нова добра акција на црвените, која е крунисана со гол, прв денес за капитенот Петар Давидовски кој зголеми за 3:0. На голот претходеше прво удар на Стојановски, голманот за момент одбрани, на одбиената топка стигна Давидовски кој погоди за висока предност. До крајот на првиот дел, Шкендија беше принудена уште еднаш да ја вади топката од својата мрежа. Овој пат погодивме после нафрлена топка од корнер, во противничкиот шеснаесетник највисоко скокна Алек Сељанац, кој донесе предност од 4:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

1 6

Високиот резултат во првиот дел ни даде можност комотно да го одиграме второто полувреме, период во кој постигнавме уште еден гол. Стрелец на истиот беше Лео Андрески, прв за него на овој натпревар. Имавме уште неколку шанси и во второто полувреме, но сепак ова е повеќе од убедлива победа за нашите млади надежи, кои докажаа дека оваа сезона се најголеми претеденти за освојување на круната.

Во игра во вториот дел влегоа сите играчи кои започнаа како резерви на овој дуел. Тоа беа Јовчев, Андрески, Исмаиљи, Трпезановски, Саит и Тасевски.