Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар загуби во Запорожје, Чупиќ промаши пенал за реми, а Дисингер се повреди
Вардар загуби во Запорожје, Чупиќ промаши пенал за реми, а Дисингер се повреди

Вардар загуби во Запорожје, Чупиќ промаши пенал за реми, а Дисингер се повреди

Вардар одигра слаб натпревар денеска во Запорожје и заслужено го загуби натпреварот од Мотор. Недостастуваше организација во нападите бидејќи Скубе го немаше во составот, а во одбраната иако Кугис имаше добар натпревар и двоцифрен ефект на одбрани, сепак, со 32 примени погодоци тешко се добива натпревар.

Првиот дел мина во знак на домаќинот, кој во некој моменти од дуелот имаше и три голови плус, но фантастичниот на голот Кугис не дозволи домаќинот на полувеме да замине со осетна предност. Домаќинот тргна добро на дуелот, воглавно нашиот тим го бркаше Мотор Запорожје, кој како што рековме беше подобар тим во првиот дел. За одбележување беше 20. минута, со голот на Иван Чупиќ, Вардар дојде на еден негатива, 9-8. Следуваше серија на домаќинот кој во 24. минута дојде и на плус три, 11-8. По овој резултат, со головите на Горпишин и Чупиќ, Вардар намали на само еден негатива. До крајот на првото полувреме, за жал, се повреди Дисингер кој мораше да го напушти теренот, а Кугис со одбранет пенал, спречи на полувреме Мотор да замине со плус од два гола.

Вториот дел тргна добро за Вардарци, Шишкарев пресече една топка и со гол израмни на 13-13. Во следниот период Вардар имаше играч повеќе, но тоа не го искористи и наместо да поведе, со два гола во серија со играч помалку, Мотор дојде до нови плус два, 16-14. За одбележување беше 40. минута, Мотор со супер игра дојде со максимални на овој натпревар плус четири. Следуваше мала консолидација на Вардар во нападот и од одбраната. Со головите на Атман и Горбок, нашиот тим дојде до минус два, 20-18 во 44. минута од дуелот. Во последните десет минути од дуелот, Вардар влезе со негатива од два гола, 24-22. Со голот на Дибиров во 53. минута, Вардар дојде до минус еден, 26-25. Одбраната на Вардар не функционираше во вториот дел, Мотор многу лесно доаѓаше до нашиот гол, а Кизиќ немаше одбрана откако влезе во игра на местото на Кугис. Со два гола во серија на Чупиќ и Дибиров, Вардар одново дојде на минус еден во 55. минута од дуелот. Атман со одличен продор и погодок, донесе израмнување во 57. минута, 30-30. Во последниот напад, сепак, Вардар мораше да даде гол да избегне пораз. Пенал изнуди Пелко, Чупиќ ја зеде топката, биеше и промаши за пораз од 32-31.